arrow arrow

OMM

image

Транспорт

image

Политика на квалитет

image

Контакт информации

АД за неметали "Огражден", ул.Маршал Тито бр.239, Струмица Р.Македонија

повеќе

За нас

АД за неметали "Огражден" е формирано 1955 год во Струмица како рударска организација со едноставно име "Рудник".

Основа за формирање на рудникот била расположивата сyровинска база распространета на терените на планината Огражден. Планина која во себе криела многу неоткриени и неиспитани минерални суровини и била предизвик за осовременување на технолошките процеси и изградба на нови капацитети неопходни за понатамошен развој на организацијата.

Денес, АД за неметали "Огражден" функционира исклучиво како акционерско друштво и веќе 50 години е насочено кон цврста определба за понатамошно освојување на пазарот и постојано подобрување на квалитетот на своите производи и услуги.

Досегашното функционирање и работење на фирмата се заснова на јасно изградената стратегија која се движи во правец на спроведување на својата деловна активност со интегритет и чесност, обезбедување на услови за стручен развој и напредок на вработените, како и водење на своите активности во правец на обезбедување на максимална безбедност на вработените и заштита на човековата околина.

Основната дејност на фирмата е експлоатација, производство и продажба на готови сопствени производи за потребите на хемиската, стакларската, фармацевтската, порцеланската и градежната индустрија.

Освен главната дејност компанијата се занимава со трговија на големо и мало како и со шпедитерски услуги.

Вредности:

  • Функционалност и ефикасност на сите нивоа на работа во фирмата
  • Целосно посветени кон своите купувачи како и задоволување на нивните потреби и барања
  • Навремено исполнување на поставените обврски и задачи во чиј фокус секогаш е купувачот како и во однос на цената, квалитетот на производот и начинот на испорака
  • Спроведување на системот за квалитет ISO 9001-2008 во што активно се вклучени вработените од сите нивоа, со што се добива постојано подобрување на квалитетот на нашите произоди и услуги
  • Квалитетот како синоним за препознатливост на "Огражден"
  • Обезбедување на врвни производи и профит како услов за понатамошен раст и развој
  • Заштита на човековата околина
image
image