АД за неметали "Огражден" е формирано 1955 год во Струмица како рударска организација со едноставно име "Рудник".
Основа за формирање на рудникот била расположивата сyровинска база распространета на терените на планината Огражден. Планина која во себе криела многу неоткриени и неиспитани минерални суровини и била предизвик за осовременување на технолошките процеси и изградба на нови капацитети неопходни за понатамошен развој на организацијата.
Денес, АД за неметали "Огражден" функционира исклучиво како акционерско друштво и веќе 50 години е насочено кон цврста определба за понатамошно освојување на пазарот и постојано подобрување на квалитетот на своите производи и услуги.
Досегашното функционирање и работење на фирмата се заснова на јасно изградената стратегија која се движи во правец на спроведување на својата деловна активност со интегритет и чесност, обезбедување на услови за стручен развој и напредок на вработените, како и водење на своите активности во правец на обезбедување на максимална безбедност на вработените и заштита на човековата околина.
Основната дејност на фирмата е експлоатација, производство и продажба на готови сопствени производи за потребите на хемиската, стакларската, фармацевтската, порцеланската и градежната индустрија.
Освен главната дејност компанијата се занимава со трговија на големо и мало како и со шпедитерски услуги.
Вредности: