За нас
Кои сме ние
АД за неметали "Огражден" е формирано 1955 год во Струмица како рударска организација со едноставно име "Рудник".
Основа за формирање на рудникот била расположивата сyровинска база распространета на терените на планината Огражден. Планина која во себе криела многу неоткриени и неиспитани минерални суровини и била предизвик за осовременување на технолошките процеси и изградба на нови капацитети неопходни за понатамошен развој на организацијата.
Досегашното функционирање и работење на фирмата се заснова на јасно изградената стратегија која се движи во правец на спроведување на својата деловна активност со интегритет и чесност, обезбедување на услови за стручен развој и напредок на вработените, како и водење на своите активности во правец на обезбедување на максимална безбедност на вработените и заштита на човековата околина.
Основната дејност на фирмата е експлоатација, производство и продажба на готови сопствени производи за потребите на хемиската, стакларската, фармацевтската, порцеланската и градежната индустрија.
И двата рудника имплементираат најсовремени технологии за експлоатација - планирање, дупчење, минирање, товарење, транспорт и сепарирање.
Најголем дел од производството е наменето за извоз на пазари во Бугарија, Србија и Грција како и на останатите европски пазари во Словенија и Романија.
Седиштето на фирмата се наоѓа во Струмица, каде што се наоѓаат и двете мелници за преработка на минералните суровини.
Резервите на фелдспатна и карбонатна минерална суровина, флексибилноста на постројките за подготовка на истите, како и високиот степен на контролирање на материјалот овозможуваат потполно задоволување на потребите на нашите купувачи по количини и квалитет.
Од неодамна истражувачкиот тим на АД за неметали "Огражден" овозможи зголемување на резервите на основните суровини преку изнаоѓање на нови наоѓалишта.
- Калцит
- Фелдспат
Освен главната дејност компанијата се занимава со трговија на големо и мало како и со шпедитерски услуги.
Рудник за Фелдспат
Рудник за Калцит
Рудници
Рудник за Фелдспат
Според сите геолошки критериуми фелдспатната руда претставува своевиден уникат, и како таква е една од ретките на балканските простори и пошироко.Целокупната технологија за експлотација претставена преку процесите на: дупчење, минирање, утовар, транспорт, дробење и сепарирање се врши целосно од страна на машинскиот парк на фирмата.
Контрола на квалитетот во сите фази на експлотација на фелтспатот, резултира со печат на потврден производ согласно ISO 9001:2000 селективно според барањата на купувачите. Употребата на фелдспатната руда во различни фази на припрема е насочена кон керамичката, порцеланската и стаклената индустрија.
Автоматизирана технолошка линија за производство на мелен и сепариран фелдспат
Новите пазарни трендови бараат нискоенергетски машини за производство, вклучено и соодветни системи за обеспрашување кои како краен ефект имаат за цел исполнување на обврските спрема средината, како и користење на што е можно помала енергија.
По трансформирањето на претпријатието во приватната сопственост, посебно во последните неколку години е забележан енормен раст на инвестирање во европски технологии во процесите на дробење, мелење, сушење, сепарирање и обеспрашување на системот за производство на фелдспат.
Целокупниот систем на производство опфаќа повеќе фази:
- Сушење со припрема на ТНГ еколошко гориво и горилник од типот - Waishaupt
- Мелење (Super Orion-Alpine)
- Воздушна класификација со класификатори
- Високо фрекфентни сита - Mongensen
- Складирање во силоси и магазински простори
Инвестирањето во автоматизирани технологии од еминентни европски производители: Hosokawa Alpine, Allgaier, Morgensen, Waishaupt, Metso Minerals и др. во сите фази на производство се покажа како исклучително продуктивно, ефикасно и корисно како за самата фирма така и за нашите купувачи, одговарајки на сите барања како по квантитет и квалитет, а истовремено и запазувајќи ја обврската за чиста и здрава еколошка средина.
Рудник за Фелдспат
Галерија
Рудници
Рудник за Калцит
Рудникот Мемешли, минеролошки e од калцитски тип, а петрографски претставува мермеризиран варовник и како таков е еден од ретките во Република Македонија. Се карактеризира со висок степен на искористување на експлоатираниот материјал што е во функција на неговата развојна програма.
Третира експлоатација на повеќе квалитети условени од потребите на градежната, прехранбената и хемиската индустрија. Постоечката опрема за дробење и сепарирање од статички и мобилен тип има за цел да произведува градежни фракции во широк дијапазон како сепариран песок од 0-4 мм, 4-8 мм, 8-16 мм, 16-32 мм, 0-60 мм и др.
Палета на производи
За сите фази на експлоатирање како и за подготовка на материјалот се грижи расположливиот машински парк на фирмата.
Технолошка постројка за производство на мелен и сепариран калцит
Ниско абразивниот, а во исто време и високо квалитетниот калцит, овозможи имплементација и инсталација на пневматски систем, во кој секоја машина сама за себе користи систем за транспортирање и обеспрашување, произвотство на германскиот производител Alpine по софистицирана метода на диференцијални притисоци.
Системот на дезинтеграција на високо квалитетен калцит се врши преку: примарна и секундарна дробилка во прва фаза, мелење со млинови од фамилијата на палчести дезинтегратори - Contraplex, сепарирање со електромагнетни сита Morgensen и воздушни класификатори од фамилијата на Stratoplex.
Сите машини се карактеризираат со високо селектирачки еколошки и ниско енергетски перформанси.
Конкурентната цена и високиот квалитет на калцитот интегрира широка апликативност во многу производи: бои и лакови, пластични маси, прехранбени производи, прашкасти производи, односно пошироко во:градежната, хемиската, стакларската, фармацевската, прехрамбената и други индустрии.
Рудник за Калцит
Галерија
Наши вредности:
Функционалност и ефикасност на сите нивоа на работа во фирмата
Целосно посветени кон своите купувачи како и задоволување на нивните потреби и барања
Навремено исполнување на поставените обврски и задачи во чиј фокус секогаш е купувачот како и во однос на цената, квалитетот на производот и начинот на испорака
Спроведување на системот за квалитет ISO 9001-2008 во што активно се вклучени вработените од сите нивоа, со што се добива постојано подобрување на квалитетот на нашите произоди и услуги
Квалитетот како синоним за препознатливост на "Огражден"
Обезбедување на врвни производи и профит како услов за понатамошен раст и развој
Заштита на човековата околина
Написи
Написи
Други услуги
Транспорт
Транспортни услуги
Освен основната дејност АД за неметали "Огражден" Струмица се занимава и со трговија на големо и мало. Поседува сопствен возен парк на камиони приколичари и автоцистерни IVECO, со кои се превзема суровината од производствените погони, а воедно врши и транспортни услуги на други фирми.
Шпедитерски услуги
АД за неметали "Огражден" Струмица има сопствена шпедиција која посредува и врши услуги во надворешно-трговско работење со ино-партнерите како и увоз-извоз.
Транспорт
Галерија
Контакт
Контакт информации