Последни настани
АД за неметали “Огражден”- Струмица во своето 55 годишно постоење покрај својата основна дејност експлоатација и преработка на минерални суровини, се покажа и како исклучително активна и општествено корисна фирма преку афирмирање на голем број културни манифестации од најразличен карактер, спортски клубови и натпревари, до организирање спонзорства, донации и други форми на помагање.
АД за неметали “Огражден”- Струмица беше организатор на познатата Струмичка ликовна колонија која во текот на годините прерасна и во меѓународна ликовна колонија. Долги години благодарение на фирмата, Струмица беше центар на ликовната култура во Македонија и беше посетена од познати и признати светски ликовни уметници кои придонесоа за афирмација на Струмица како ликовна метропола, а со своите слики го зголемија и културното наследство на градот.
Струмичката ликовна колонија отсекогаш претставувала место каде мулти-културолошките преплети на учесниците од цел свет, исплетени со нитки на топлото сонце и струмичкиот темперамент, прават еден богат и непресушен извор за нови ликовни дејанија
Важи за една од најреномираните не само во домашни рамки туку и во поширокиот регион за што говори и податокот дека од почетокот па до сега на истата учествувале над 800 ликовни уметници, мозаичари и скулптори од скоро сите краеви на светот кои во Струмица имаат создадено над 2000 дела од национален карактер
Спортот во Струмичкиот регион има подолга традиција и бележи врвни остварувања, а Струмица важи за еден од најголемите спортски градови во земјата и за расадник на млади таленти. Долги години наназад под разни имиња и преку разни форми на помагање и спонзорства а последните години и како сопственик, АД за неметали "Огражден" - Струмица беше присутен и во спортот во Струмица. Беше спонзор и сопственик на кошаркарскиот клуб “Неметали-Огражден” кој долги години претставуваше респектабилен клуб во првата македонска кошаркарска лига и неколку години учествуваше и во повеќе европски клупски натпреварувања како претставник од Македонија.
На крај како нераздвоен датум со рударството и Неметали “Огражден” би го споменале и 28-ми Август, Денот на рударите во Република Македонија и верскиот празник Св. Богородица. Рударското празнување за 28-ми Август е традиција која трае од поодамна а како празник на македонските рудари е воспоставен после Втората светска војна. Тој ден АД за неметали “Огражден” Струмица секоја година свечено го прославува со организирање свечености, веселби и доделување признанија, балгодарници и награди на вработените за 10, 20 и 30 години успешно работење на фирмата.